• четврток, 23 мај 2024

Интер договори два летни трансфери

Интер договори два летни трансфери

 

Милано, 23 април 2024 (МИА) – Помалку од 24 часа откако го освои скудетото, новиот италијански шампион Интер објави денеска дека договорил две засилување во летниот преоден рок.

„Речиси го финализиравме трансферот на двајца играчи за следната сезона“, изјави спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, цитиран од италијанските медиуми.

Според новинарот Фабрицио Романо, станува збор за напаѓачот на Порто, Мехди Тареми и играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зелински. Договорете двајцата фудбалери со нивните сегашни клубови истекуваат на лето и обајцата можат да преминат во Интер без обесштетување.

Интер изминатата вечер го совлада градскиот ривал Милан со 2:1 во 33. коло од италијанскиот шампионат и ја освои шампионската титула на пет кола до крајот на сезоната. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан