• четврток, 02 мај 2024

Илјадници луѓе останаа без струја во Франција поради силен ветер и поплави

Илјадници луѓе останаа без струја во Франција поради силен ветер и поплави

Париз, 30 март 2024 (МИА) - Силни ветрови и обилни врнежи предизвикаа прекин на електричната енергија и поплави во Франција, јави ДПА.

Во југоисточниот регион Рона-Алпи, утринава паднати гранки и скршени дрвја ја исклучија струјата на 6.000 домаќинства, јавија француските медиуми, повикувајќи се на локалниот енергетски оператор. Се прават напори да се врати напојувањето што е можно побрзо.

Во меѓувреме, во Виена во централна Франција, силен дожд предизвика излевање на реката Гартамп, соопшти локалната префектура во Екс. Неколку сообраќајници се поплавени и затворени за сообраќај.

Телевизијата Франс Инфо, исто така, објави дека жителите на куќите на различни места во областа биле евакуирани на безбедно. ссм/

фото: Јутјуб принтскрин

Остани поврзан