• сабота, 22 февруари 2025

Израел соопшти дека продолжува со повлекување на војниците од Појасот Газа

Израел соопшти дека продолжува со повлекување на војниците од Појасот Газа

Ерусалим, 22 јануари 2025 (МИА) – Израелската армија денеска соопшти дека продолжува со повлекување војници од Појасот Газа, на четвртиот ден од прекинот на огнот во војната со Хамас.

Израелската армија соопшти дека нејзините војници во сабота ќе почнат да се повлекуваат од коридорот што ја дели Газа на северен и јужен дел.

Ова ќе овозможи враќање на Палестинците на кои им беше забрането да одат на северот на Појасот Газа.

Повлекувањето во сабота ќе почне откако заложниците, кои Хамас треба да ги ослободи тој ден, ќе пристигнат во Израел, соопшти војската.

Војската денеска објави и снимка, наведувајќи дека на неа се гледа како тенкови преминуваат на израелска територија од Појасот Газа.

Според договорот за прекин на огнот, во првата фаза, која ќе трае најмалку шест недели, Израел ќе се повлече од делови на Газа, а раселените Палестинци ќе почнат да се враќаат во своите места, иако нивните домови се во голема мера уништени. јт/

Остани поврзан