• вторник, 30 април 2024

Израел го отвори својот воздушен простор по синоќешните ирански воздушни напади

Израел го отвори својот воздушен простор по синоќешните ирански воздушни напади

Ерусалим, 14 април 2024 (МИА) - Израел утрово го отвори својот воздушен простор, кој беше затворен поради иранскиот напад со околу 300 проектили и борбени дронови, јавуваат израелските медиуми.

Во соопштението на израелските аеродромски власти се вели дека израелскиот воздушен простор е повторно отворен, но на патниците од Тел Авив им се советува да го проверат распоредот на летовите поради нарушување на распоредот на летови.  паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан