• недела, 22 декември 2024

Израел вети одговор на иранскиот напад

Израел вети одговор на иранскиот напад

Тел Авив, 2 октомври 2024 (МИА) - Израелската војска вчера соопшти дека ракетниот напад од Иран завршил и луѓето би можеле да ги напуштат засолништата, ветувајќи му одговор на Техеран на нападот.

-По проценката на ситуацијата, беше одлучено дека сега е дозволено да се напуштат заштитените подрачја во сите области низ земјата, се вели во соопштението на израелската армија.

Иранскиот ракетен напад беше сериозен и ќе има последици, рече воениот портпарол, одбивајќи да прецизира како и кога Израел ќе одговори.

Контраадмиралот Даниел Хагари рече дека „засега нема вести за жртви во ракетниот напад. Тој рече дека имало неколку потреси во центарот на земјата и на југот.

Иран, пак, соопшти дека 80 отсто од проектилите ја погодиле целта.

-Ние сме на висока готовност и одбранбено и офанзивно. Ние ќе ги браниме граѓаните на државата Израел. Овој напад ќе има последици. Имаме планови и ќе дејствуваме на местото и времето за кое ќе одлучиме, рече Хагари. 

Иран вчера истрела низа балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран, Хезболах во Либан.

Аларми се огласија низ Израел и можеа да се слушнат експлозии во Ерусалим и долината на реката Јордан откако Израелците се натрупаа во засолништа за бомби.

Висок ирански функционер рече дека наредбата за лансирање на ракетите кон Израел ја дал врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан