• четврток, 26 март 2026

Привремено суспендиран цивилниот поморски сообраќај околу Севастопол

Привремено суспендиран цивилниот поморски сообраќај околу Севастопол

Москва, 3 јуни 2025 (МИА) – Русија привремено го суспендира цивилниот поморски сообраќај во водите во близина на Севастопол на Крим, но не ја наведе причината за таквата одлука.

Претходно, Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека утрово го минирала мостот што ги поврзува Русија и Крим со 1.100 килограми експлозив, при што се оштетени столбовите под вода. Во текот на денот одекна уште една експлозија на Кримскиот мост. СБУ потенцира дека продолжува украинската операција.

Според непотврдени извори, украински дронови извршиле напад и врз Крим.

Од почетокот на руската инвазија, украинската армија третпат го напаѓа Кримскиот мостот. Стратешкиот мост претрпе значителна штета за време на двата претходни украински напади во октомври 2022 година и јули 2023 година.

Кримскиот мост, познат и како Керчен мост, е изграден по руската окупација на Крим во 2014 година и е клучна врска за снабдување и транспорт за руските сили до окупираните делови од Украина. Мостот вреден четири милијарди долари, изграден е како политичка порака за зајакнување на нелегалната анексија на полуостровот од страна на Москва. Кримскиот мост не е поврзан со Русија по копно. ми/

фото: Икс

Остани поврзан