• понеделник, 11 мај 2026

Најмалку 16 загинати во катастрофалните поплави во Хаити и Доминиканската Република

Најмалку 16 загинати во катастрофалните поплави во Хаити и Доминиканската Република

Порт-О-Пренс, 15 април 2026 (МИА) - Обилните дождови предизвикаа поплави во Хаити и Доминиканската Република, во кои загинаа најмалку 16 лица, додека десетици илјади жители беа евакуирани или раселени, покажуваат денешните извештаи на цивилната заштита и локалните медиуми.

Повикувајќи се на локалните медиуми, Ројтерс објави дека најмалку 12 лица загинале во поплавите што погодија неколку населби во северен Хаити.

Локалниот портал Листин Диарио објави дека во Доминиканската Република, која го дели карипскиот остров Хиспаниола со Хаити, загинале четири лица, од кои некои биле однесени од надојдените реки, а едно бебе починало во куќа кога се урнал ѕид врз него.

Доминиканските власти вчера соопштија дека повеќе од 30.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и дека се очекува дождовите да се интензивираат во текот на претстојниот викенд.

Во блиската американска територија Порторико, властите ги повикаа жителите да ги избегнуваат поплавените автопати бидејќи не се очекува дождовите да престанат.сд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан