• сабота, 27 јули 2024

Израел вели дека планот на Бајден за Газа не е во спротивност со неговите воени цели

Израел вели дека планот на Бајден за Газа не е во спротивност со неговите воени цели

Тел Авив, 11 јуни 2024 (МИА) - Планот за прекин на огнот во Газа претставен од американскиот претседател Џо Бајден не е во спротивност со воените цели на Израел, според израелски владин претставник, јави ДПА.

-Израел нема да ја заврши војната пред да ги постигне сите свои воени цели: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа да не претставува закана за Израел во иднина, рече денеска израелскиот претставник.

Тој додаде дека „претставениот предлог му овозможува на Израел да ги постигне овие цели и Израел навистина ќе го стори тоа“.

Советот за безбедност на ОН вчера го одобри предлогот на Бајден, кој предвидува прекин на огнот во три фази. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан