• среда, 25 март 2026

Шефот на израелскиот Генералштаб гледа потенцијал за прекин на огнот во Газа

Шефот на израелскиот Генералштаб гледа потенцијал за прекин на огнот во Газа

Газа, 21 јули 2025 (МИА) – Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека се зголемуваат шансите за договор за прекин на огнот во Појасот Газа, во рамки на спогодба за ослободување на заложниците што ги држи палестинското движење Хамас, јави ДПА.

Замир го кажа тоа пред израелски војници во Газа, според армиски извори.

Израел и Хамас со месеци водат индиректни преговори во катарската престолнина Доха, со цел постигнување компромис. Во преговорите посредуваат дипломати од Катар, Египет и САД.

Замир изјави дека армијата е подготвена за сите можни сценарија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан