• понеделник, 20 мај 2024

Израелските сили ги гранатираат јужните делови на Либан по експлозија на границата

Израелските сили ги гранатираат јужните делови на Либан по експлозија на границата

Ерусалим, 13 октомври 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИД) денеска ги гранатираа јужните делови на Либан, како одговор на експлозијата на безбедносната ограда во близина на Кибуц Ханит.

-ИД одговори со артилериски оган кон либанска територија, се вели во соопштението на ИД.

Како што јави Си-Ен-Ен, израелските сили претходно ги активираа предупредувањата за можна наводна инфилтрација на терористи во кибуцот Ханита и дека ИД сега ја пребарува областа.

Воените власти соопштија дека експлозијата предизвикала „мали оштетувања“ на оградата.

Си-Ен-Ен објави дека палестинската милитантна група Хезболах со седиште во Либан, најверојатно, ќе влезе во конфликтот за поддршка на Хамас.

ИД претходно оваа недела објави дека распоредила дополнителни десет илјади војници на границата со Либан, како одговор на можен напад од север. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан