• четврток, 25 јули 2024

Израелската армија изврши напад врз сирискиот град Баниас

Израелската армија изврши напад врз сирискиот град Баниас

Дамаск, 9 јули 2024 (МИА) – Во денешниот израелски напад погодена е позиција во близина на крајбрежниот град Баниас, западна Сирија, јави Сириската новинска агенција САНА, повикувајќи се на воени извори.

Околу 12 часот и 20 минути (по локално време) израелскиот непријател изврши воздушен напад од Средоземно Море, гаѓајќи позиција во близина на градот Баниас. Нападот предизвика материјална штета, истакнува САНА.

Израелската армија денеска го изврши третиот напад во регионот Баниас од почетокот на годинава.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Израел изврши стотици напади против армијата на претседателот Башар ал Асад и проиранските групи кои го поддржуваат. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан