• понеделник, 20 мај 2024

Израелската армија изврши жесток артилериски напад врз пограничните региони на Либан

Израелската армија изврши жесток артилериски напад врз пограничните региони на Либан

Бејрут, 3 април 2024 (МИА) - Израелската армија изврши жесток артилериски напад врз пограничните региони на југот на Либан, јавува Анадолија.

Според либанската новинска агенција NNA, израелската армија гранатирала градови во пограничната област со артилериски оган и тенкови од типот „Меркава“.

Според медиумот, израелските сили ги нападнале градовите Ајта ал Шааб, Рамим, Ед-Духајра, Накура и Лебеније, кои се наоѓаат на границата со Либан.

Според истиот извор, и натаму траат нападите врз пограничните региони на југот на Либан.

Тензиите се разгореа долж границата меѓу Либан и Израел поради повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири од војната во 2006 година.

Пограничната тензија доаѓа во време на израелска воена офанзива на Појасот Газа во која се убиени најмалку 32.900 Палестинци,  од 7 октомври, по прекуграничниот напад на Хамас. ссм/

Остани поврзан