• сабота, 11 мај 2024

Изложба на детски цртежи од караванот „Собрание за граѓаните“

Изложба на детски цртежи од караванот „Собрание за граѓаните“

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија поставена е изложба на детски цртежи и пораки произлезени од мобилниот караван „Собрание за граѓаните“, кој се одржа минатата година од 25 октомври до 11 ноември.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во текот на десетдневните средби со граѓаните, голем број ученици, преку свои илустрации и пораки, го споделија својот креативен и уникатен поглед на законодавниот дом и испратија свои пораки до пратениците.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по денешниот брифингот со новинарите, ја посети изложбата и потенцира дека споделените пораки и идеи укажуваат што ги радува, но и што ги загрижува најмладите и тие треба да бидат уште поголем мотив за пратениците да нудат решенија за подобра иднина на новите генерации.

Проектот се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“ која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарската амбасада.

Пораките и цртежите ќе бидат врамени и наскоро ќе ги красат ѕидовите на законодавниот дом.фф/са/

Ликовните творби се дело на децата учесници во караванот во градовите Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Кочани, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Дебар и Гостивар. Целта на караванот беше стекнување со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата, во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста на Собранието и негово доближување до граѓаните кои не се во можност да го посетат законодавниот дом.

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Остани поврзан