• вторник, 07 мај 2024

Изложба „Жените од светот низ историјата - Жената симбол и инспирација“

Изложба  „Жените од светот низ историјата - Жената симбол и инспирација“

Скопје, 7 март 2024 (МИА) – Во Галеријата „КО-РА“(Голем салон) во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, ќе се одржи групна мултимедијална изложба насловена „Жените на светот низ историјата “ во рамките на традиционалната изложба „Жената симбол инспирација“.

Проектот е поддржан од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје во рамките на годишната програма од областа на визуелните уметности, дизајн и архитектура.

Помеѓу учесниците се Љубе Алексовски, Решат Ахмети, Андријана Андреева /Ани Соро, Сузана Арсова, Виктор Бранѓолица, Билјана Билбилоска, Борјана Божиновска Ѓорѓиевска, Ивона Велковска, Стефан Димовски, Валентина Илијевска, Стефан Јакимовски, Тања Јовчевска, Маја Андонова Јокиќ, Никола Кипровски, Елизабета Костова, Ленче Коцевска Вангел Коџоман, Дана Крстеска, Шчипе Мехмети, Јорданка Мирковска, Виолета Николова Виле, Маја Николовска, Еми Норис, Анита Огњановска,  Билјана Петановска-Илиевска, Дијана Петкова, Светлана Пецакова, Катерина Секованиќ,  Жанета Радевска Спировска, Ангелца Стоиљковиќ,  Ванѓа Радевска,  Весна Радишиќ Ацковска, Александар Рашковиќ, Марија Рашковиќ,Тина Алексовска/Ј Ивановска, Марија Светиева, Славица Таневска, Лара Ташковска,  Давор Тоциновски, Назли Џан и други.

Дизајн на плакатот за изложбата е на Вангел Коџоман. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ.

Во рамките на оваа мултимедијална изложба, наредниот ден на 8 март ќе се одржи и поетски настан со модератор Елеонора Николовска, во истиот салон во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.свс/аа/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан