Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
- Синоќа во 23:30 часот изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле, соопштија од ТППЕ Струмица.

Струмица, 5 јануари 2025 (МИА)-Синоќа во 23:30 часот изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле, соопштија од ТППЕ Струмица.
Според информацијата од пожарникарите, во гасењето на запалениот автомобил учествувале едно против пожарно возило и пет пожарникари, кои кога пристигнале на местото на пожарот веќе бил во разгорена фаза.
Во информацијата се додава дека пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат, а причинета е голема материјална штета. рт/вг/
Фото: МИА Архива