Изгаснат пожарот помеѓу кумановските села Брзак и Умин дол
- Изгаснат е пожарот помеѓу селата Брзак и Умин дол, кумановско, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица. Горела сува трева и стрниште на поголема површина.

Куманово, 14 август 2023 (МИА) - Изгаснат е пожарот помеѓу селата Брзак и Умин дол, кумановско, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица. Горела сува трева и стрниште на поголема површина.
- Екипа го гасеше пожарот цела ноќ и се вратија утрово, пожарот е изгаснат, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Вчера, кумановските пожарникари имале пет интервенции. Сува трева и стрниште гореле во атар на село Табановце како и во Љубодраг. Пожарите се локализирани, на терен биле по една противпожарна екипа.
Пожарникарите имале и две поситни интервенции, запалено старо дрво во градскиот парк и запален контејнер. ам/дма/
Фото: МИА архива