• сабота, 22 февруари 2025

Без вода дел од општина Карпош

Без вода дел од општина Карпош

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Поради промена на затворач со пречник од 50 милиметри на улица „Радика“ број 1, денеска од 8:00 часот без вода ќе останат корисниците од оваа улица во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје не завршат со интервенцијата.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан