• недела, 22 декември 2024

ИЗБОРИ 2024: Седми претседателски избори, единаесетти парламентарни избори

ИЗБОРИ 2024: Седми претседателски избори, единаесетти парламентарни избори

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Претседателските избори во земјава ќе се одржат на 24 април 2024 година, додека парламентарните избори две недели подоцна на 8 мај, кога би се одржал и вториот круг од претседателските избори. Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател, додека редовните избори за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав.

Претседателот на Републиката и пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.

Согласно Изборниот законик, избор на претседател на Републиката се врши на територијата на земјата и во дипломатско - конзуларните претставништва на Република Македонија во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, како една изборна единица според мнозинскиот модел.

По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија - 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги одликува со Орден „8 Септември“ македонските

Согласно Уставот, претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.

За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За шеф на државата не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

Кандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.

За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател на Републиката не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.
Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Ако за претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на
мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.

Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.

Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна
функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од
вкупниот број судии.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, по скратена постапка, е

Единаесетите парламентарни избори од независноста ќе се одржат на 8 мај. Во Собранието на Република Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120, пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на земјата е поделена на шест изборни единици утврдени со Изборниот законик и во секоја се избираат по 20 пратеници и тројца пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија. Првиот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Северна Македонија на последните парламентарни избори. Вториот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила двојно поголем број на гласови од бројот на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во земјата на последните парламентарни избори, додека третиот пратеник од странство е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила тројно поголем број на гласови од бројот на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во земјата на последните парламентарни избори во Република Северна Македонија. Доколку во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, ниту една од листите на пратеници не го добила потребниот број на гласови не се избира ниту еден пратеник.

Во изборните единици во Република Македонија бројот на избирачите може да отстапува најмногу од минус 5% до плус 5% во однос на просечниот број на избирачи во изборната единица.

Право да избира има секој наш државјанин кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица.

Нашите државјани кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство, a се запишани во Избирачкиот список врз основа на евиденцијата од надлежниот орган и пријава за гласање, гласаат за избор на претседател на Републиката и за избор на пратеници во Собранието во дипломатско - конзуларните претставништва во странство, односно конзуларни канцеларии во согласност со одредбите на Изборниот законик.

Кандидат за пратеник може да биде државјанин на Република Северна Македонија, ако наполнил 18 години живот и има деловна способност. Кандидат за пратеник не може да биде лице кое е осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци, чие издржување се уште не е започнато и се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело.

Државната изборна комисија денеска сооопшти дека постапува согласно Законот за завршување на текот на постапката на јавната набавка на фингерпринт апаратите.

Карактеристично за изборите 2024 ќе биде тоа што тие ќе се одржат во среда, а идентификацијата на гласачите повторно ќе се врши со апарати за отпечатоци на прсти (фингерпринт). ев/са/

ФОТО: МИА Архива

 

 

Остани поврзан