• четврток, 25 април 2024

Избори во Хрватска: Генералната секретарка на СДП Ахметовиќ за излезните анкети

Избори во Хрватска: Генералната секретарка на СДП Ахметовиќ за излезните анкети

Загреб, 17 април 2024 (МИА) – Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите кои со голема излезност покажаа дека сакаат да сносат одговорност и дека им е доста од другите да одлучуваат за нив. изјави вечерва генералната секретарка на хрватската опозициска СДП, Мирела Ахметовиќ.

- Што се однесува до резултатите, ќе ги почекаме првите официјални резултати, а потоа ќе коментираме, додаде таа.

Ахметовиќ истакна дека партијата „ја радува“ големата излезност на изборите.

Во Хрватска денеска се одржаа 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои ќе се гласа до 19 часот, до кога е во сила изборниот молк.

Според излезните анкети, ХДЗ и партнерите освоиле 58 мандати, СДП и партнерите 44, Домовински покрет и партнерите 13, Можеме и партнерите 11, Мост и партнерите 9, НПС (Матија Посавец) 2 мандати, ИДС и партнерите исто така 2 мандати, а еден мандат освоил Фокус. јт/

Фото: Х Скриншот

Остани поврзан