Галант: Половина од командантите на Хезболах загинале од 7 октомври
- Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека од 7 октомври 2023 година во израелските напади се убиени половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, додека добар дел од нив сега ги напуштаат своите позиции.
Тел Авив, 24 април 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека од 7 октомври 2023 година во израелските напади се убиени половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, додека добар дел од нив сега ги напуштаат своите позиции.
„Нашата главна цел беше и останува да создадеме поинаква безбедносна ситуација овде (во близина на сината линија која ја повлекоа Обединетите нации) и дека жителите на северен Израел можат безбедно да се вратат во своите домови. Во овој поглед, разгледуваме неколку решенија“, изјави Галант. рп/
Фото: МИА архива