• среда, 25 декември 2024

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е инспирација за идниот мировен процес

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е инспирација за идниот мировен процес

Киев, 2 мај 2024 (МИА) – Првиот мировен самит за Украина, кој ќе се одржи во јуни во Швајцарија, ќе послужи како платформа за дијалог за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право, соопшти Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

- Сите поканети страни го потврдија почитувањето на овие принципи. Целта на Самитот е да се развие рамка за постигнување на оваа цел со цел да се инспирира идниот мировен процес, се вели во соопштението.

Мировниот самит за Украина ќе се одржи од 15 до 16 јуни во Бургеншток, во близина на Луцерн, беше договорено на средбата во јануари меѓу Зеленски и претседателката на Швајцарската конфедерација Виола Амхерд.

Организацијата на самитот е резултат на координираните напори на украинската и швајцарската страна. На него ќе присуствуваат државни лидери и шефови на влади од целиот свет.

Основачките принципи на состанокот беа договорени за време на серијата меѓународни состаноци на советници за политичка и национална безбедност, кои беа иницирани од Кабинетот на претседателот со цел понатамошна работа на украинската формула за мир, се вели во соопштението за печат. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан