• недела, 30 јуни 2024

ИДФ: Соборени 11 од 16 беспилотни летала на Хезболах во изминатите 72 часа

ИДФ: Соборени 11 од 16 беспилотни летала на Хезболах во изминатите 72 часа

Тел Авив, 14 јуни 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана собориле 11 од 16-те експлозивни беспилотни летала лансирани од либанската милитантна група Хезболах во последните 72 часа.

Во видеото објавено од ИДФ на платформата Икс, може да се видат снимки од соборени дронови, пишува „Тајмс оф Израел“.

Групата Хезболах ја презеде одговорноста за лансирањето на десетици ракети „Качуша“ и „Фалак“ врз градот Кирјат Шмона на северот на Израел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан