• четврток, 26 март 2026

ИДФ проценуваат дека над 300.000 Палестинци го напуштиле градот Газа пред копнената офанзива

ИДФ проценуваат дека над 300.000 Палестинци го напуштиле градот Газа пред копнената офанзива

Газа, 14 септември 2025 (МИА) – Повеќе од 300.000 Палестинци досега го напуштиле градот Газа и се преселиле во други области на Појасот, според новите проценки на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Десетици илјади ја напуштиле областа во изминатиот ден.

Се проценува дека околу еден милион Палестинци живееле во градот Газа пред израелската армија да почне со подготовките за голема офанзива против терористичката група Хамас.

Минатата недела ИДФ нареди целиот град Газа веднаш да се евакуира пред планираната офанзива.

На цивилите им е наредено да се упатат кон хуманитарна зона назначена од Израел во јужниот дел на Појасот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан