• среда, 15 мај 2024

Ивановски со пад од 12 места на АТП ранг-листата, Ѓорческа напредуваше едно место на ВТА листа

Ивановски со пад од 12 места на АТП ранг-листата, Ѓорческа напредуваше едно место на ВТА листа

Лондон, 5 февруари 2024 (МИА) – Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денес објавената АТП ранг-листа има пад за 12 позиции и се наоѓа на 341. место со 149 поени. Падот се должи на фактот што Ивановски има и 8 поени помалку од претходната недела.

Горазд Србљак има скок за две места и се наоѓа на 1065. место со 10 поени, додека Обрад Марковски има пад за 160 позиции и е рангиран на 1605. место со два поена, или еден помалку од претходно.

Скок за едно место за Ѓорческа и настап на турнир во Анталија.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на 242. место на ВТА листата, што е скок за една позиција во однос на претходната недела. Таа има 312 поени. 

Од македонските тенисерки сингл ранг има и Магдалена Стоилковска, која се наоѓа на 1216. место со девет, без промена и во рангот и во бројот на поени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан