• петок, 05 декември 2025

Илиевски: Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста

Илиевски: Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста

Гевгелија, 26 јули 2025 (МИА) – Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски е задоволен од првата проверка на неговите избраници кои синоќа во Гевгелија ја совладаа Швајцарија. 

- На одличен пат сме кон она што се бара од играчите, а тоа е да дадат максимум. Сите кои влегоа во игра дадоа максимум, се гледа и неискуството на одредени играчи што се рефлектираше со голем број загубени топки. Но како прв за меч и краток период заеднички подготовки, може да кажам дека сум задоволен од целиот период соработка со играчите. Игравме против екипа која три години е заедно со истиот тренер. Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста, изјави Илиевски по мечот.

Ова е прв триумф за него како предводник на сениорите. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан