• четврток, 30 јануари 2025

Златевски: Општина Кавадарци треба да има јасна стратегија за привлекување донатори

Златевски: Општина Кавадарци треба да има јасна стратегија за привлекување донатори

Кавадарци, 28 јануари 2025 (МИА) - Општината треба да има јасна стратегија за привлекување донатори, рече денеска советникот во Советот на Општина Кавадарци, Јован Златевски,  во рамките на денешната седница. 

- Во делот на слабата реализација на приходите од донација од 52,58% би сакал повторно да кажам дека Општината треба да има јасна стратегија за привлекување донатори, што ќе ја идентификува целната група, меѓународни организации, приватни фондови, државни институции и слично и ќе ги усмери ресурсите кон создавање на конкурентни проекти кои можат да привлечат донации, истакна Златевски. 

Тој нагласи дека донаторите често се заинтересирани за проекти што имаат големо влијание врз заедницата, како што се проекти за подобрување на образованието, здравството, инфраструктурата, екологијата или развој на туризмот и руралните средини

Притоа подвлече дека партнерството со меѓународни донатори, како што се ООН, Европската унија, и разни меѓународни фондации, може да обезбеди значителни средства. Општината, реке,  мора постојано да подготвува проекти кои се усогласени со нивните приоритети и да конкурира за финансии од различни програми.

Златевски додаде дека Општината може да создаде јавни приватни партнерства (PPP) за финансирање на проекти, дека многу компании имаат свои фондови за поддршка на локалните заедници преку спонзорства или донации, што може да биде од корист за општината.

Советникот истакна дека Општината треба активно да бара и аплицира за грантови од национални и меѓународни фондови. Притоа нагласи дека клучно е да се пишуваат квалитетни апликации, кои ќе ги претстават проектите во најдобро светло и ќе покажат нивната одржливост и ефект.

- Кога општината има развиен капацитет за подготовка на апликации, проектни планови и извештаи, можностите за добивање донации значително се зголемуваат. Образување на тимови кои ќе се занимаваат со овие активности е од суштинска важност. Ако е потребно градоначалниче, направете тим од пет или 10 вработени, кои ќе работат само на аплицирање на проектите во Европската унија или во разни меѓународни фондации . Примената на овие стратегии може да го зголеми интересот за донирање во општинскиот буџет и да обезбеди финансиска поддршка за реализација на различни проекти и иницијативи, подвлече советникот Јован Златевски. свд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан