• недела, 09 март 2025

Ќе се одржи 7. Кавадаречки полумаратон, најавено е затворање на неколку улици

Ќе се одржи 7. Кавадаречки полумаратон, најавено е затворање на неколку улици

Кавадарци, 9 март 2025 (МИА) -  Здружението „Меридијан атлетик еко" со поддршка од Општина Кавадарци денеска го организира  7. „Кавадаречки полумаратон", што ќе се одвива од 12 до 15 часот.

На првиот полумаратон во државата оваа година, како и годините претходно, покрај трките на 5, 10 километри и полумаратон, ќе има и детска трка. 

Најавено е затворање на неколку улици поради полумаратонот. 

- Организациониот одбор на Кавадаречки полумаратон во соработка со ОВР Кавадарци, а заради безбедно одвивање на трката, известува дека од 11 до 15 часот трката ќе се одвива по следните улици кои ќе бидат затворени за собраќај. Од плоштад на улица ,,Илинденска" до улица ,,Страшо Пинџур" кај Силекс згради и назад по ,,Илинденска" се до улица ,,Никола Минчев"(поранешна ,,Едвард Кардељ") и назад по ,,Илинденска". Ве очекуваме во голем број веќе од 11 часот да поддржиме голем број деца, а во 12 часот и над 570 тркачи на трите трки, информираа организаторите на настанот. свд/лв/


Фото : Фејсбук на ,,Меридијан атлетик еко" 

Остани поврзан