Зеќири: Постојано вложуваме во здравството, следува ново зголемување на платите на здравствените работници
- СДСМ и институциите што ги предводи и пред пандемијата со коронавирусот, започна со реализација на реформа на здравствениот систем, за унапредување на условите за работа на здравството и обез
Скопје, 7 ноември 2020 -
СДСМ и институциите што ги предводи и пред пандемијата со коронавирусот, започна со реализација на реформа на здравствениот систем, за унапредување на условите за работа на здравството и обезбедување подобри услуги за граѓаните.
Санирањето на хаосот наследен во здравството, предизвикан со 11-годишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, со вложување во здравствените институции и пред се во човечкиот капитал се покажа како клучен фактор за добро менаџирање на најголемата здравствена криза досега.
За разлика од неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се погазуваше трудот и стручноста на здравствените работници, СДСМ континуирано вложува во човечкиот капитал во здравството.
За три години, со контиунуирано покачување ја зголемивме основната плата на лекарите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, за 5% на здравствени соработници и на помошно-техничкиот персонал.
Покачувањата на платите во здравството продолжуваат. Веќе во следната година следува покачување на платите за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, преку зголемување од 10 отсто секоја година.
Истовремено со покачување на платите во здравството за 4 до 5 пати се зголемени коефициентите за дежурства на здравствените работници, а за 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.
За периодот 2019-2022 година се одобрени 931 спрецијализација и 130 субспецијализации, кои се финансираат со средства обезбедени од јавните здравствени установи.
Почитувани,
Очигледна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ кон здравството и расипничкото и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Како одговорна партија продолжуваме со инвестиции во јавното здравство. И во време на пандемија вложуваме и ја унапредуваме здравствената заштита.
https://youtu.be/9LSDVYY6j6o
Прес-конференција на Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.