• петок, 03 мај 2024

Земјоделците од „Овчеполски фармер“ доставија писмо до ресорното министерство, доколку не им одговорот до утре почнуваат со протести

Земјоделците од „Овчеполски фармер“ доставија писмо до ресорното министерство, доколку не им одговорот до утре почнуваат со протести

Свети Николе, 5 март 2024 (МИА) - Откако ресорното Министерство не им ги продолжи договорите за закуп на земјоделско земјиште земјоделците од Здружението „Овчеполски фармер“ на почетокот на годинава одлучија денеска да достават официјално писмо до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел до утре до 14 часот некој од надлежните им објасни дали договорите ќе се продолжат и на кој начин.

Ангел Стојчев претседател на „Овчеполски фармер“ денеска за МИА изјави дека доколку до утре немаат одговор, во тој случај во четврток излегуваат на протести, со своите трактори ќе блокираат патишта и улици во Свети Николе. Посочува дека бројот на земјоделци на кои не им продолжен договорот за закуп на земјоделско земјиште е поголем од 88.

-Ние сакаме да ни ги продолжат договорите со анекс договор на 15 години. Секое ново продолжување значи и изложување на големи трошоци, само за еден елаборат ќе те кошта од 30.000 до 40.000 денари, па да те внесат во Катастер таму е некаде околу 12.000 денари. Се е зголемено, вели Стојчев.

Тој посочува дека станува збор за земјоделци кои имаат под закуп од 10 до 20 хектари, а на земјиштето веќе се посеани земјоделските култури. На ова земјиште се произведува пченица, јачмен, пченка, детелина и бостан. Во моментов овие земјоделци не ги следува и субвенции, бидејќи договорите за закуп не им се продолжени. вдј/сст/

Фото: МИА

 

 
 

 

 

Остани поврзан