• петок, 22 ноември 2024

Зеленски за руските напади во март: Москва употреби 400 проектили, 600 беспилотни летала Шахед, 3.000 наведувани авио-бомби

Зеленски за руските напади во март: Москва употреби 400 проектили, 600 беспилотни летала Шахед, 3.000 наведувани авио-бомби

Киев, 3 април 2024 (МИА) - Русија, само во март, употреби повеќе од 3.000 наведувани авио-бомби, 600 беспилотни летала и 400 проектили против Украина, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

Русија ја засили својата кампања на воздушни напади со долг дострел против енергетската инфраструктура на Украина во изминатите две недели, уништувајќи уште еден дел од системот веќе оштетен од претходните руски бомбардирања.

Покрај тоа, Русија ја зголеми употребата на наведувани бомби од воздух во областите на фронтот во последните месеци. Тие се исфрлени од воените авиони лоцирани на територија под контрола на Русија и со голема брзина продираат кон нивните цели.

За Москва, тие станаа ефикасен начин да се насочат огромни количества експлозиви кон украинските утврдувања и згради во близина на линијата на фронтот, пристап кој дава приоритет на експлозивната моќ пред прецизноста. ссм/

фото: архива

Остани поврзан