Зеленски: Добар разговор со Ванс, но има уште многу работа
- По разговорот, Ванс изјави дека имале „неколку продуктивни дискусии“ и дека остануваат прашања што треба да се доработат. Тој, сепак, избегна да одговори дали САД ќе водат преговори со рускиот претседател Владимир Путин без Украина.
![Зеленски: Добар разговор со Ванс, но има уште многу работа](https://mia.mk/images/20250214194828_big_730x400_24.webp )
Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „добар разговор“ со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, но додаде дека е неопходна дополнителна работа на планот за завршување на војната во Украина.
Двајцата лидери се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, каде што одржаа краток билатерален состанок.
По разговорот, Ванс изјави дека имале „неколку продуктивни дискусии“ и дека остануваат прашања што треба да се доработат.
Тој, сепак, избегна да одговори дали САД ќе водат преговори со рускиот претседател Владимир Путин без Украина.
- Важно е да почнеме да ги водиме неопходните разговори за затворање на ова прашање, изјави Ванс. - Тоа е сè што ќе кажам за сега, бидејќи сакам да ги зачувам можностите за нашите преговарачи и тимовите што работат на одговорно затворање на ова прашање, додаде тој.
Зеленски, пак, порача дека ова е само првиот од многуте состаноци.
- Имавме добар разговор денеска, наш прв, но не и последен. Треба повеќе да зборуваме, повеќе да работиме и да го подготвиме планот за тоа како да го запреме Путин, истакна украинскиот претседател. ссм/
фото: ДПА