• понеделник, 24 јуни 2024

Здружението на пензионери од Делчево утре ќе биде домаќин на Регионалните пензионерски игри

Здружението на пензионери од Делчево утре ќе биде домаќин на Регионалните пензионерски игри

Делчево, 7 јуни 2023 (МИА) - Здружението на пензионери од Делчево подготвено ги дочекува Регионалните пензионерски игри кои утре ќе се одржат во Делчево. На игрите како што информираше претседателката на здружението Виолета Арсова ќе учествуваат натпреварувачи од Источниот регион кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини.

-На 8 јуни 2023 во Делчево ќе се одржат Регионалните спортски натпревари кои се во организација на Сојузот на здружение на пензионери како активност на Републичкото здружение на пензионери која мораме и ние да ја оствариме и поддржиме. Тоа е голем спортски настан на кој ќе учествуваат пензионерските здруженија од нашиот регион меѓу кои Кочани, Виница  Македонска Каменица, Пехчево, Берово и домаќинот Делчево. Дел од игрите ќе се одржат на стадионот каде ќе има натпревари во атлетика, дел во спортската сала и дел во нашите простории каде ќе се игра шах домино, пикадо и други игри, рече Арсова.

Здружението на пензионери од Делчево, како што додаде претходно обезбеди учество на Државните пензионерски музички смотри, а очекуваат така да биде и во спортските игри во чии рамки најдобрите ќе обезбедат учество на Државните спортски игри за пезнионери.

-Морам да се пофалам дека на вчерашната пензионерска музичка ревија об3збедивме пласман на Државно ниво. Нашите музичари и пејачката група се оретставија со изворна песна и добија висока оценка, најмногу поради фактот што располагаме со оригинални носии, како и настапот во живо и затоа остваривме добар резултат, придржувајки се до правилата на тој настан, додаде Арсова.

За утрешните Рефионални спортски игри упати благодарност до сите директори на локалните институции кои помогнаа во организацијата како и градоначалникот на Делчево кој помогнал финансиски за настанот успешно да биде организиран. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан