• среда, 10 јули 2024

Прекин на водоснабдувањето од Студенчица поради дефект, опфатени повеќе населени места во Крушевско

Прекин на водоснабдувањето од Студенчица поради дефект, опфатени повеќе населени места во Крушевско

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Прекин на водоснабдувањето во населените места кои се снабдуваат со вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица, поради дефект на територија на Општина Прилеп.

Како што соопштуваат од крушевското ЈП „Комуна“, станува збор за крушевските дела Пресил, Св. Митрани, Врбоец, Норово, Алданци, Саждево, Јакреново, Борино и Белушино, односно за целосната територија која ја покрива овој водоснабдителен систем.

-Утрово добивме известување од Студенчица дека ќе работат на дефект во Општина Прилеп и водата ќе биде во прекин се до надминување на проблемо, велат од ЈП „Комуна“. вг/

Фото: ЈП Комуна

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан