• недела, 22 декември 2024

Зголемен сообраќаен метеж во Куманово

Зголемен сообраќаен метеж во Куманово

Куманово, 3 јануари 2024 (МИА) - Зголемен е сообраќајниот метеж во централните градски улици во Куманово. Во меѓупразничниот период централните градски улици се оптоварени со возила како што се улицата „Гоце Делчев“, „Народна револуција“, „Илинденска“, „Кирил и Методиј“ и двата булевара. Од СВР Куманово, денеска информираа дека има зголемено присуство на сообраќајната полиција на неколку локации во градот, особено во централното градско подрачје каде е забележана најголема фреквенција на возила.

- Апелираме до сите возачи, пешаци да се однесуваат совесно, да ги почитуваат правилата и прописите, сите заеднички да придонесеме за убави празнични денови, кажаа од СВР Куманово.

Од локалната власт претходно посочија дека во родниот град се вратени нашинците од западно-европските држави и им посакаа убав престој. Дел од кумановци реагираат дека им се потребни половина час за да се стигне од една до друга локација само на две централни уливи во Куманово.

Сепак, граѓаните можат да го користат и бесплатниот автобуски превоз кој ќе важи до средината на тековната година, за кој од општинскиот буџет одвоени се 30 милиони денари или над 486.200.31 евра, скоро половина милион евра. Од општината наведуваат дека на овој начин се ублажува економската криза за сите учесници во општинскиот линиски превоз и произлегле повеќе бенефити како што е подобрување на семејниот буџет на кумановци, намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. ам/ир

Фото: МИА

Остани поврзан