• понеделник, 23 декември 2024

Зголемена потрошувачката на вода во Велес

Зголемена потрошувачката на вода во Велес

Велес,17 јули 2023 (МИА) – Потрошувачката на вода за пиење во Велес и околните населби кои се снабдуваат со вода од Градскиот водовод е зголемена на 11 литри во секунда. Односно, од минатонеделните 178 литри во секунда, потрошувачката е зголемена на 189 литри.

- Ова е резултат на пеколните горештини во изминативе денови од средата до денеска што предизвикаа и зголемените потреби на граѓаните за вода. Но, сепак, тие не треба да бидат загрижени бидејќи вода за пиење има во доволни количества информира за МИА, Тодорка Пенкова Андреева, портпарол на ЈКP „Дервен“ .

Пенкова Андреева појаснува дека оваа бројка на количеството на потрошена вода до домаќинствата и фирмите не отстапува од просекот забележан во изминатите години.

Обилните врнежи изминатата пролет и од почетокот на летово ја наполнија акумулацијата на вештачкото езеро од хидросистемот „Лисиче“ , од каде преку реката Тополка и со преработка во филтер-станицата за вода во Велес, велешани се снабдуваат со вода за пиење. ад/ар

Фото: МИА

Остани поврзан