• недела, 22 декември 2024

За 32 насто зголемен број патници опслужени на двата аеродроми во земјава

За 32 насто зголемен број патници опслужени на двата аеродроми во земјава

Охрид, 19 декември (МИА) - Бројот патници на меѓународните аеродроми во Охрид и во Скопје во периодот јануари – ноември оваа година достигна 2,9 милиони, што е за 32,1 насто повеќе споредбено со истиот период од минатата година, соопшти компанијата „Aeroports de Paris“.

Само во ноември, бројот на патници достигна 244.719, што е за 54,1 насто повеќе од ноември 2022 година, се вели во денешното соопштение од компанијата.

За истиот период до и од двата аеродроми резлизирани се 21.941 лет, што исто така е занчително зголемување од 22,1 насто во споредба со првите 11 месеци од 2022 година.

Само минатиот месец на двата аеродроми се реализирани 2.006 полетувања и слетувања или 45,2 проценти повеќе отколку во ноември минатата година.

„Aeroports de Paris“ поседува 46 проценти од акциите во турски „ТАВ“, компанијата што управува со двата аеродроми во земјава. аб/цр

фото:МИА архива

 

Остани поврзан