• четврток, 18 декември 2025

За музичките сладокусци на 28 јуни Центарска симфонија под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

За музичките сладокусци на 28 јуни Центарска симфонија под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

18 јуни 2025

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите љубители на културата и музиката на настанот „Центарска симфонија“, што ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот на Плочник – Градски Ѕид кај Клуб на новинари.

„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации – во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика - во ново, моќно симфониско руво и во изведба на камерен оркестар и бенд, со специјален гостин Александар Тарабунов. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, вели Герасимовски.

Настанот е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција. Влезот е слободен . 

Ве очекуваме на 28 јуни – заедно да уживаме во убавите звуци на Центар!

Општина Центар

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Остани поврзан