• среда, 14 јануари 2026

Гаши го потпиша Колективниот договор за вработените на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Гаши го потпиша Колективниот договор за вработените на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Штип, 17 декември 2025 (МИА) - Претставниците на Синдикатот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, претседателот на синдикатот проф. д-р Андон Мајхошев и генералниот секретар проф. д-р Билјана Тодорова остварија официјална средба со претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши на која бил потпишан Колективен договор за вработените на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип, информираат денеска од Правниот факултет при УГД-Штип.

Со колективниот договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите од работниот однос, условите за работа, како и прашања од значење за социјалната и економската сигурност на вработените.

Синдикатот оценува дека потпишувањето на Колективниот договор претставува значаен исчекор во насока на унапредување на социјалниот дијалог, јакнење на партнерството помеѓу институциите и обезбедување стабилна и предвидлива рамка за остварување на трудовите и социјалните права во високото образование.

Во писмената објава се вели дека синдикатот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе продолжи активно да работи на заштита и унапредување на правата и интересите на вработените, во согласност со националното законодавство и меѓународните трудови стандарди. вдј/мд/

Фото: Правен факултет при УГД Штип

Остани поврзан