Општина Карбинци организира тридневна новогодишна програма
- Општина Карбинци организира тридневна новогодишна програма, активности кои ќе бидат од делот на културата и кои ќе ги забавуваат сите граѓани.
Карбинци, 17 декември 2025 (МИА) - Општина Карбинци организира тридневна новогодишна програма, активности кои ќе бидат од делот на културата и кои ќе ги забавуваат сите граѓани.
Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов на денешната прес-конференција најави дека опфатени се најмалите со театарска престава, но и бесплатни пакетчиња за сите деца, а активностите ќе бидат збогатени и со стенд ап за сите граѓани во Карбинци.
-Се работи за три дена, од 27 до 29 декември, активности во делот на културата, за најмалите. На 27 декември во Дом на култура во село Таринци ќе се одржи театарска претстава на театарот од Скопје. Во недела, на 28 декември, ќе има стенд ап настан и на 29 ќе има еден настан во дворот на општинската зграда со доделување на бесплатни пакетчиња за најмалите, вели Паунов.

Целта на вака предвидената програма е на скромен начин да се пречекаат празниците и во Општина Карбинци, да бидат опфатени пред се најмалите и да се додаде празнична атмосфера.
-Очекуваме низ овие тридневни активности на еден скромен начин да го одбележиме доаѓањето на Нова година и да посветиме повеќе внимание кон најмалите, рече Паунов.
Настани по повод Нова година се организираа и претходната година во Општина Карбинци, со цел граѓаните да ја почувствуваат празничната атмосфера во своето место на живеење. вдј/мд/
Фото: МИА