• петок, 12 јули 2024

Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност

Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје синоќа почнаа со преземање зајакнати мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.

Како што соопшти МВР, целта е одржување стабилен јавен ред и мир, како и спречување на извршување кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот „Дрвен град“ во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓорѓов“, пекарата „Силбо“, Порта Македонија,...

-Покрај тоа беа, спроведени се и сообраќајни контроли при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“, подигнати биле шест возила со специјално возило „пајак“ и легитимирани биле 24 лица, информира МВР. мч/дма/

фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан