• недела, 22 декември 2024

Лога: Поддршка за денешната активност во Собранието по повод годишнината од Сребреница

Лога: Поддршка за денешната активност во Собранието по повод годишнината од Сребреница

Скопје, 12 јули 2024

Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници.

Меѓутоа, досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од „Скопје 2014“ без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа "Свети Апостол Павле II". Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој.

Поддршка за денешната активност во Собранието на РСМ по повод годишнината од Сребреница.

Кренар Лога, потпретседател на Алијансата за Албанците

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан