• сабота, 13 јули 2024

Во Пробиштип почна реализацијата на проектот „Изградба на рекреативен комплекс Пишица“

Во Пробиштип почна реализацијата на проектот „Изградба на рекреативен комплекс Пишица“

Пробиштип, 12 јули 2024 (МИА) - Почна да се асфалтира патот од село Пишица до браната „Пишица“, информираше денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. Посочи дека реконструкцијата на овој пат е во рамки на проектот „Изградба на рекреативен комплекс Пишица“, што општината го реализира преку Источен плански регион, односно Биро за регионален развој.

-По завршувањето со асфалтирање следуваат другите фази, односно изградба на летниковци, уредување на паркинг простор, осветлување и урбана опрема. Со реализација на овој проект ги подобруваме условите за спорт и рекреација на брана „Пишица“, вели Анастасов.

Тој додаде дека вредноста на овој проект е девет милиони денари со делумно кофинансирање од страна на општината. вдј/нд/

Фото: МИА

  
 
 

 

Остани поврзан