• сабота, 13 јули 2024

Пожар меѓу штипските села Драгоево и Селце

Пожар меѓу штипските села Драгоево и Селце

Штип, 12 јули 2024 (МИА) - Пожар избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце. Според информациите од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, станува збор за пожар кој  е пријавен попладневно и не е поврзан со огнената стихија во Неготинско, а која исто така е на планината Серта, но од другата страна.

-Во моментов на терен се пожарникари, доброволци и волонтери од месното население од село Драгоево. Станува збор за пожар кој е на непристипаен терен, а во моментов на самото место се над 30 луѓе, вели Јорданов.

Тој посочи дека вечерва ќе се дежура од страна на пожарникарите и месното население, со  цел  пожарот да не се доближе до селото Драгоево. Јорданов најави дека уште рано наутро ќе бара пожарот да се гасне од воздух. вдј/вг/

 Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан