• сабота, 13 јули 2024

Екстремно зголемена потрошувачка на вода за пиење во Кавадарци, се апелира за рационално трошење

Екстремно зголемена потрошувачка на вода за пиење во Кавадарци, се апелира за рационално трошење

Кавадарци, 12 јули 2024 (МИА) - Екстремно е зголемена потрошувачката на вода за пиење во општина Кавадарци, од јавното комунално претпријатие апелираат за рационално трошење на водата. 

- Топлите денови си го прават своето. Само за споредба, во шести месец годинава имавме за над 30 илјади кубни метри поголема потрошувачка на вода, споредено со истиот период лани. За седми месец очекуваме уште поголема потрошувачка. Сега засега ја држиме состојбата со водоснабдувањето под контрола, но апелираме водата за пиење да се користи рационално, нагласи Гоце Ангеловски, директор на „Комуналец“, во изјава за МИА.

Тој подвлече дека во овој период, контролите за кражба на вода се зголемени и сите крадци на вода за пиење ќе бидат строго санкционирани. свд/нд/

Фото : МИА
 
 
 
 

 

Остани поврзан