• недела, 22 декември 2024

Започнаа градежните активности за обиколница во Горно Јаболчиште, Општина Чашка

Започнаа градежните активности за обиколница во Горно Јаболчиште, Општина Чашка

Велес, 6 јуни 2023 (МИА) - Во селото Горно Јаболчиште денеска започнаа градежните активности за асфалтирање на обиколницата, со вредност од 5 милиони 255 илјади денари обезбедени од Бирото за регионален развој по распишаната тендерска постапка од страна на Вардарски плански регион. Градежните работи ги изведува фирмата Ленди Груп од Скопје. Работите треба да  завршат во рок од два месеци, информира градоначалникот Горан Стојановски.

Тој појасни дека ќе се асфалтира целата обиколница во должина од 500 метри и ширина на коловозна лента од 3 метри на потегот од новиот мост на влезот во селото па се’ до малиот мост во близина на селската Џамија.

Воедно дополнително ќе бидат изработени риголи за атмосферска канализација и банкини по должина на целиот пат.

Стојановски појаснува  дека оваа е историски проект за жителите од ова населено место.

-Локалната власт годинава интензивно  ќе продолжи со дополнителни инфраструктурни проекти во ова село како  и во останатите населени места низ целата општина.Целта е  подобрување на патната, комуналната и останатата инфраструктура на месното население во Општина Чашка,потенцира Стојановски. ад/дма/

 

 

Остани поврзан