• вторник, 23 април 2024

Запленети 22 автомобили при заедничка акција на Царина и МВР

Запленети 22 автомобили при заедничка акција на Царина и МВР

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани, соопшти денеска Царинската управа.

-Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири патнички моторни возила се марка „Мерцедес“, три патнички моторни возила се марка „Ауди“, две патнички моторни возила се марка „БМВ“, едно патничко товарно возило е марка „Тесла“ и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од шест месеци, се наведува во соопштението.

Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.

- Во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу шест месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија, соопштуваат од Царината.

Во спротивно, како што е посочено во соопштението, ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото. дма/лв/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан