• среда, 01 мај 2024

Западните служби спречија најмалку 10 џихадистички напади во Европа во 2023 година, тврди холанската разузнавачка агенција

Западните служби спречија најмалку 10 џихадистички напади во Европа во 2023 година, тврди холанската разузнавачка агенција

Амстердам, 23 април 2024 (МИА) - Западните разузнавачки служби спречија најмалку 10 џихадистички напади низ Европа во 2023 година, при што војната во Појасот Газа ја зголемува заканата од можни дополнителни напади, соопшти денеска холандската разузнавачка агенција АИВД.

Спречените напади вклучувале план за случајни напади со нож на јавни места, како и подготовки за напади на згради и јавни настани, соопшти АИВД, но не се објавени повеќе детали.

„Имаше два мобилизирачки настани - уништувањето на Куранот во Холандија и други европски земји, како и конфликтот меѓу Израел и Хамас“, објави холандската агенција. зш/

Остани поврзан