• четврток, 02 мај 2024

Заврши состанокот на израелскиот воен кабинет на кој се дискутираше за одговор на иранските напади

Заврши состанокот на израелскиот воен кабинет на кој се дискутираше за одговор на иранските напади

Тел Авив, 16 април 2024 (МИА) – Заврши состанокот меѓу претставници на израелскиот воен кабинет за нивниот одговор на одмаздничките напади на Иран, изјави израелски претставник за Си-Ен-Ен.

Изворот не даде дополнителни детали за разговорите.

Дискусијата беше петтата рунда разговори што ги одржа воениот кабинет од викендот, кога Техеран лансираше низа проектили како одмазда на израелскиот напад врз иранската дипломатска зграда во Дамаск, Сирија.

Регионалните лидери и сојузниците на Израел повикаа на воздржаност со цел да се минимизира поширока ескалација поради израелската воена офанзива во Газа. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан