• недела, 28 април 2024

Заврши второто издание на Малеш куп 2023

Заврши второто издание на Малеш куп 2023

Берово, 4 јуни 2023 (МИА) - Во Берово синоќа заврши второто издание на турнирот во мал фудбал „Малеш куп 2023“. Победник на турнирот кој во регуларниот дел заврши без голови е екипата на „Борово Стебло - Тони и Синовето“ која по изведувањето на пенали со 2:1 го совлада тимот на ПАБ Делчево.

 

За првопласираната екипа наградата покрај пехарот е и паричен износ од 80.000 денари, екипата на ПАБ Делчево како второпласирана екипа доби парична награда од 40.000 денари.

 

Наградата на капитенот на победничкиот тим му ја додели градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој истакна дека ОФК Малеш заедно со општина Берово и локалните спонзори се покажаа како одлични организатори на вториот по ред Малеш куп.

 

- Турнирот беше добра прилика, младите да уживаат, низ спортски дух, да се  дружат и забавуваат и да шират позитивна енергија. Публиката, секојдневно беше играч повеќе, која даваше мотив и не водеше кон негување на позитивните вредности. Повеќе од сигурно е дека турнирот во мал фудбал во Берово, означува почеток на нов традиционален настан во Берово, низ позитивна атмосфера, ведар дух,  пријателска конкуренција и фер игра, рече Пекевски

 

Пред финалето во борбата за третото место екипата на Еклектик ја совлада екипата на  Манто 2013 со 5:4 со што се здоби со парична награда од 20.000 денари, а четвртопласирана екипа освои 10.000.

 

За најдобар играч на турнирот е прогласен Антон Ратков од екипата на ПАБ Делчево. вс/зс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан