• сабота, 21 декември 2024

Жителите на Њујорк добиваат предупредување од воздух за претстојните закани од бура откако градот почна да користи беспилотни летала

Жителите на Њујорк добиваат предупредување од воздух за претстојните закани од бура откако градот почна да користи беспилотни летала

Њујорк, 7 август 2024 (МИА) - Канцеларијата за управување со итни случаи во Њујорк наместо на сирени, сега се потпира на висока технологија и користи дронови за да ги предупреди жителите на потенцијална опасност поради лошите временски услови.

Зуењето дрон што носи звучник лета над домовите и ги предупредува луѓето кои имаат подрумски апартмани или станови на приземје за претстојните обилни врнежи.

„Бидете подготвени да ја евакуирате вашата локација. Во случај на поплава, не двоумете се“,  гласи пораката објавена вчера од градската канцеларија за управување со вонредни состојби.

Околу пет тима со по неколку дронови се распоредени во одредени населби кои се подложни на поплави. Градскиот комесар за управување со вонредни состојби Зак Искол објасни дека пораките се доставуваат на неколку различни јазици. Ова се очекува да продолжи се додека времето не почне да ги попречува летовите со дронови.

Поројните поплави се смртоносни за њујорчаните кои живеат во подрумските апартмани кои брзо се полнат со вода за време на поројните дождови. Единаесет луѓе се удавија во такви домови во 2021 година поради врнежите од ураганот Ајда.

Беспилотните летала ги надополнуваат другите алатки за итни случаи, вклучително и социјалните медиуми, текстуалните пораки и системот што е поврзан со повеќе од 2.000 локални организации на заедницата низ градот кои им служат на постарите, лицата со посебни потреби и други групи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан